Осум медали за Македонија на Европскиот куп во кинеско борење

На првиот меѓународен турнир „Европски куп во кинеско борење(shuai jiao)˚ во Скопје, Полициски спортски клуб за кинеско борење „7 Мај шуи џиао“ освои 8 медали – 1 златен, 2 сребрени и 5 бронзени.

Медалите ги освоија:

Артјом Мелник – златен медал
Марко Панчевски – сребрен медал
Леа Стојковска – сребрен медал
Мартин Кузмановски – бронзен медал
Бранислав Поповиќ – бронзен медал
Константин Јанковски – бронзен медал
Лука Давитковски – бронзен медал
Благоја Пандовски – бронзa, мажи +37 години + 100 кг.

Ангел Ангелов е четврти.

За најдобар техничар на Европски куп во кинеско борење(SHUAI JIAO) е прогласен Адријан Ребелом од Италија, додека најдобра техничарка е Марија Палиќ од Босна и Херцеговина. Во екипна конкуренција најдобра пласирана е репрезентацијата на Италија.

На Европскиот куп настапија натпреварувачи од Германија, Франција, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија и Македонија.

Натпреварите се одржаа во спортската сала во ОУ„ Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода, Скопје.

Организатор беше Полициски спортски клуб за кинеско борење „7 Мај шуи џиао“ од Скопје.

„Од страна на Антонио Ланџијано, претседателот на Европската унија шуаи џиао (ЕСЈУ), Купот беше оценета на највисоко ниво“, велат организаторите.

На Марко Андонов му беше доделена плакета за постигнати високи резултати во кинеско борење (shuai jiao) и афирмација на Македонија.

Да потсетиме, на Европското првенство во кинеско борење (Shuai Jiao) за сениори, Монтесилвано, Италија, 14-17.09.2023 година, Марко Андонов освои златен медал и постигна историски успех за македонскиот спорт.

Беа доделени и други признанија на поединци за успешната организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО