Трајан Ангелов утре ја почнува битката за медал на Светското првенство за ветерани

Трајан Ангелов отпатува на Светско првенство за ветерани во Пловдив, Бугарија, кое ќе трае до 15 октомври. Ангелов е поранешен борач на Бучим од најславните денови.

Борачот на Бучим утре ќе настапи во категоријата до 100 килограми на возраст од 56 до 60 години.

„Тренирав секојдневно по двапати. Очекувам медал“, изјави пред одењето за Бугарија Ангелов кој на последното Светско првенство во Атина, Грција, се бореше за бронзениот медал и беше поразен од Иранец.

Сепак, натпреварот е најмалата препрека, бидејќи се бореше и со обезбедувањето на финансии одејќи од фирма до фирма за спонозрство, но го помогнале само рудникот Бучим и Герасим Конзулов, а преостанатиот дел го покрива сам.

Неуморниот борач од Радовиш догодина во Скопје го очекува Светското првенство за ветерани, каде што ќе настапи пред домашната публика.

Во  подготовките на Трајанов му помагаа Тони Танчев и Кристијан Крстев, како спаринг партнери.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО