Уличната борба во рускиот град Хабаровск, кој според извештајот на локалната полиција се случи во раните утрински часови на 20 август, заврши со трагична смрт на светскиот шампион во дигање тегови Андреј Драчев.
Според пишувањето на Crime Russia, кој прв ја пренесе веста, Анар Зиранов, руски ММА борец, е идентификуван од страна на полицијата како човек одговорен за смртта на Драчев. Како што можете да видите во видеото, прво со кружен удар го погаѓа снагаторот, а потоа неколку пати го удира со тупаницата, додека овој беше во несвест и лежеше неподвижен на подот. Убиството е снимено од камери за надгледување, а речиси сите руски медиуми ги објавија истите снимки.
32-годишниот Драчев беше европски и светски шампион во кревање тегови. Во последно време многу успешно почна да се занимава со бодибилдин. Според рускиот печат, на неодамна одржан регионален шампионат во бодибилдинг, за прв пат официјално се натпреварувал и тој, при што го освоил првото место во категоријата „Екстремен бодибилдинг“.
Причината за смртта на Драчев, според пишувањето на медиумите, е внатрешно крварење на мозоци. Иако снагаторот брзо е пренесен во болница, повредите биле толку сериозни што лекарите не можеле да го спасат. Многу брзо по хоспитализацијата Драчев умрел.
Анар Зиранов, наводно, сé уште е во бегство, а полицијата интензивно го бара убиецот.
.