Трагедија!! ММА воинка почина на 18 години

ММА заедницата е во жалост откако беше објавено дека почина 18-годишната Викторија Ли од ОНЕ Чемпионшип. Викторија, помладата сестра на шампионките на ОНЕ, Анџела и Кристијан Ли, почина на 26 декември на Хаваи.

Причината за нејзината смрт не е објавена во јавноста. Нејзината смрт на 26 декември на Хаваи беше јавно објавена од Меморијалниот парк „Долина на храмовите“ и погребните домови во Канеохе. Малку подоцна веста ја потврди нејзината сестра Анџела Ли.

На 22 јануари пред нејзиниот погреб, е планирано чествување на нејзиниот живот.

„На 26 декември 2022 година, нашето семејство доживеа нешто низ кое ниту едно семејство не треба да мора да помине. Неверојатно е тешко да се каже тоа. Нашата Викторија почина.

Таа замина прерано и оттогаш нашето семејство е целосно уништено. Ни недостига повеќе од се на овој свет. Нашето семејство никогаш нема да биде исто. Животот никогаш нема да биде ист.

Викторија беше најубавата душа што некогаш живеела. Таа беше најдобрата помала сестра на светот. Најдобрата ќерка, најдобрата внука и најдобрата тетка.

Сите сме скршени затоа што во секој од нас беше по едно парче и кога си замина, тие парчиња ни беа скинати. Те сакаме Викторија“, напиша Анџела на социјалните мрежи.

Викторија Сун-хи Ли е родена на 17 мај 2004 година во Вахива, Хаваи. Таа забележа 3 победи во ММА и требаше да се бори на 14 јануари во ОНЕ на Prime Video 6. Многу луѓе очекуваа големи работи од неа во ММА, но за жал никогаш не се знае колку и остана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angela Lee Pucci (@angelaleemma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON