Алекс Переира ја однесе титулата на УФЦ кај своето племе во Бразил (ФОТО)

Алекс Переира направи само 4 борби во УФЦ, но сепак успеа да стигне до титулата и да ја освои.

„ПоАтан“ кон крајот на 2022 година го нокаутира Израел Адесња и седна на тронот во средна категорија. Корените на Переира се од племето Патаксо (околу 12 илјади жители) од државата Баија. Во средината на 20 век било прогонувано и интегрирано со населението.

Племето го зборувало изумрениот јазик Патаксо, кој бил заменет со португалски, иако некои зборови преживеале. Переира го цени своето потекло и се грижи за зачувување на идентитетот на културата. На пример, може да стрела со лак, што е традиционална вештина на племето.

Ова стана негов потпис пред борбите. Во зрелоста, враќањето на своите корени му помогна на Переира да ја надмине зависноста од алкохол и да ги врати своите вредности во животот.

За време на пандемијата на коронавирус, тој патуваше од Сао Паоло до Порто Сегуро за да им помогне на локалното население со храна:

„Сакам да стекнам име и да го користам во иднина за да им помагам на домородните луѓе. За некомерцијална цел да ги искористам предностите на медиумската платформа што ми ја дава УФЦ.

Поради тоа, имам потенцијал навистина да им помогнам на домородните луѓе“, изјави Переира.

А сега, кога Переира е шампион, отиде во своето племе и им ја покажа титулата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diaz Twins MMA (@diaztwinsmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО