Чеченец од УФЦ му помага на Волкановски за Махачев

Маирбек Тајсумов е дел од таборот на Александар Волкановски за борбата со Ислам Махачев.

Ислам и Волкановски ќе се борат за титулата во лесна категорија на УФЦ 284 што ќе се одржи на 12 февруари во Перт, Австралија. Алекс ќе се обиде да стане двоен шампион. Во моментов е актуелен шампион на УФЦ во перо категорија.

Тајсумов е борец на УФЦ кој се бори во лесна категорија. За жал, 34-годишниот Чеченец нема американска виза, што го спречува да се натпреварува. Тајсумов има 7 победи и 2 порази во УФЦ. Има скор од 27-6 во ММА и има завршено 24 борби.

Френк Хикман, кој е тренер на Волкановски, рече дека Тајсумов им помага на одредени позиции. Тој е совршен борец да ве подготви за Махачов.

„Го поканивме Маирбек Тајсумов во кампот за борбата со Ислам Махачев. Го знаеме одамна, тој е големо момче и има соодветен стил на борба.

Ни помага да разработиме одредени позиции, лоши сценарија. Маирбек е најдобар за тоа“, ги пренсува зборовите на тренерот БЏ Пен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО