Традиционалната таеквондо репрезентацијата ќе патува на СП во Италија, Пецаков им посака успех

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им посака среќа и успех на македонската репрезентација во традиционално таеквондо, која ќе настапи на Светското првенство во Јесоло, Италија, од 5 до 12 октомври 2025 година.
Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествува на Светското првенство во традиционално таеквондо што ќе се одржи во Јесоло, Италија, од 5 до 12 октомври 2025 година.

Претставници на Македонија на Светското првенство се:
Марјанчо Лазаревски- претседател на МТТФ и национален тренер;
Божидар Димитриевиќ – ќе се натпреварува во сениори (18–35 години), борби до -92 кг.
Остварувања:
- Сребрен медал – Европски куп, Софија (2024)
- Бронзен медал – Кинг оф Таеквон-до, Солун (2024)
- 5. место – Светско првенство, Пловдив (2019)
- Државен првак во борби и форми
Владимир Димитриевиќ – ќе се натпреварува во сениори (18–35 години), борби до -78 кг.
Остварувања:
- Бронзен медал – Европско првенство, Талин (2025)
- 5. место – Европско првенство, Јесоло (2023)
- Државен првак во борби
На СП ќе учествуваат околу 2.500 натпреварувачи од 74 земји.
„Членовите на репрезентацијата со посетата на градоначалникот добија дополнителна мотивација за достоинствено претставување на боите на нашата држава. Изразија огромна благодарност до градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и подготвеност да дадат сè од себе, за повторно да можеме да се гордееме со нив“, изјави претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.
Тој нагласи дека ваквите средби ја истакнуваат важноста од институционалната поддршка за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога се работи за претставување на Македонија на меѓународен план.



