Данил Николиски е петти на ЕП во џиу џицу, а беше блиску до медал – 9.место за Зоран Колевски

Двајца репрезентативци во џиу џицу настапија денес на Европското првенство во Беврен, Белгија, при што Данил Николиски е петти, а Зоран Колевски деветти.
Ова е успех за младите натпреварувачи, а Николиски беше блиску до бронзениот медал.

Утре се бори Катерина Ацевска. Таа ќе настапи во сениорска конкуренција.
На ЕП учествуваат 969 натпреварувачи од 28 држави.
Резултати ЕП:
-56 кг У-21
Данил Николиски – Енцо Делаже (Франција) 0-50 (со ипон)
Дабл – елиминација три
Данил Николиски – Батухан Ујар (Турција)
Данил Николиски – Констатнтин Манеа (Шпанија) 12-10
Данил Николиски – Олаф Фиглус (Греманија)
-62 кг
Зоран Колевски – Кајл Прајс (Велика Британија) 50-0 (со ипон)
Зоран Колевски – Ренс ван Пујелде (Белгија) 10-21
Дабл – елиминација три
Зоран Колевски – Константинос Балсакас (Грција) 0-50



