АктуелноБорењеОстанато

Магомедов не го помина Јапрак од Турција на турнирот во Грозни

Борачот на Вардар Ахмад Магомедов на Меѓународниот турнир Ахмад Кадиров во Грозни, Чеченија-Русија, изгуби во денешната борба со 2-5 од Ибрахим Јапрак од Турција.

„При изедначена борба 2-2,  Ахмад ризикуваше и на контра изгуби 2-5“, инфромира тренерот на Вардар Љубиша Пешко и додава:

„Му требаат повеќе вакви силни турнири и 100 отсто ќе освои медал на Светско првенство и да се избори за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028“.

На овој турнир се доделуваат големи парични награди:

За 1. место 5.000 долари, за 2. место 3.000  и за две 3. места по 2.000.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON