Ахмад Магомедов денес се бори на Меѓународниот турнир Ахмад Кадиров

Борачот на Вардар Ахмад Магомедов денес настапува на Меѓународниот турнир Ахмад Кадиров во Грозни, Чеченија-Русија, каде што се доделуваат големи парични награди :
За 1. место 5.000 долари, за 2. место 3.000 и за две 3. места по 2.000.
Првиот човек на Вардар, Љубиша Пешко, се осврнува и на настапот на нашите репрезентативци на Светското првенство во Загреб.

„По одржаното Светско првенство никој од официјалните Македонски претставници не излезе со анализа и одговорност за нашето учество.
Како во претходните изјави на вашиот портал реално најавив дека ќе биде успех доколку Нуров и Егоров дојдат до 5-то место, а останатите пријавени учесници (не подготвени за една таква манифестација) на што се надеваа, најверојатно треба да сносат определените тренери и раководството на БФСМ, затоа што пријавија недораснати спортисти за тоа ниво и спортисти на кои одамна им поминало времето за да се справат со противниците од таа фела. Со тоа е нанесена огромна финансиска штета на Федерацијата и на државата воопшто“, вели Пешко.
Според него, анализата и решението се прости :
„Спортот, борењето и остварување на врвни резултати е наука и искуство. За да се остварат врвни резултати, треба со спортистите да работат стручни кадри, со утврден план и програма, селектираните спортисти да се наоѓаат под режим во спортски центри со спаринг партнери и да се учествува на многу меѓународни турнири.
Јас мислам дека треба да се престане со носење туристи на европски и светски првенства, без учество на неколку меѓународни турнири, каде што ќе се оствари рејтинг и постигне резултат.
Резултатот на репрезентативците – треба да се создава , а не да се надеваме на среќа и да чекаме некој друг да ни ја донесе , а ние да си ја припишеме заслугата на себе“.
БК Вардар продолжува со создавање на победници и репрезентативци, вели Пешко, но за учеството на меѓународната програма (подготовки, патни трошоци и котизации) треба да стои одговорно раководството на Боречката федерација.

„Немаме никакви информации за нашите репрезентативци што треба да учествуваат на Балканскиот шампионат во Романија, ниту за учесниците на Светското првенство за У-23 во Нови Сад, Адам Модосјан е претендент за висок пласман на СП за У-23“, вели Пешко.



