Тоше Цветков на 11 декември ќе се сретне со Милош Костиќ на ММА настанот Naissus figjt champion 2 во Ниш, Србија. Тој ќе настапи во категоријата до 84 килограми по ММА правила.
На Цветков ова му е втора ММА борба, првата беше во Велес на Фајт најт чемпион 3, која ја загуби.
Неговиот противник, Милош Костиќ, е многу искусен и цврст борец кој учестувал на Тесла челиџер, еден од појаките турнири во Србија, кој досега има 10-тина ММА борби.
„Се подготвував во „Карлос Маија“ под водство на Мартин Михаилов и останатите тренери работевме на БЏЏ и граплинг, односно борба во партер. Ги подобрив снагата и кондицијата во еден од најдобрите боди билдинг центри во Македонија „Гладијатор“, под надзор на нашиот најдобар боди билдер, Тоше Зафиров. Рачната техника ја усовршував во БК Скопје“, изјави Тоше Цветков.
За време на борбата во Ниш инструкии во аголот ќе добива од тренерот Раде Стефановски, кој минатиот месец во Велес го организираше ММА спектаклот Фајт најт чемпион 3.
„Ова ми втора професионалнба борба. Се чувствувам одлично и ќе дадам се од себе за победа. Борбата е во 3 рунди по 5 минути“, истакна Цветков.
Ipon.mk/В.Д.