Симона Заборска е прва во Премиер лигата за јуниори до 21 година!

Simona-Zaborska-najdobra-sportistka-na-turnirot

Симона Заборска од КК Макпетрол е прворангирана на листата на Карате 1 Премиер лигата во 2015 година за јуниори до 21 година со 294 бода. По неа следуваат Марија Еласвад од Австрија со 210 бода и Мирослава Копунова од Словачка со 174 поени.

Simona ranking

Секако, ова е успех за младата натпреварувачка на Макпетрол и надоврзување на големиот успех на Симон Антиќ во сениорска конкуренција кој стана „Големиот победник“ на Светската карате лига во категоријата до 84 килограми.

Натпреварувачите на Макпетрол годинава имаа забележителни настапи во Карате 1 Премиер лигата.

Наташа Стефановска (-61 кг) го освои бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург. Таа во вкупниот пласман кај сениорките е 12-та со 440 бода.

Bosko i tome vo Koburg

 Томе Тодоровски го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми на Премиер лигата во Кобург, Германија. Со овој повратнички настап и уште еден Тодорвски е 24 со 328 поени.

Simon Antik so znameto vo Okinava

Симон Антиќ (Макпетрол) го освои третото место во Алмере, Холандија, на Карате 1 Премиер лигата.

Емануел Ристесвки (+84 кг, У-21) е втор со 210 бода, а прв е Србинот Богдан Трикос со 294, додека на третата позиција е Сила Силајман од Австрија со 126 поени. Петар Заборски (-76 кг) во јуниорска конкуренција е девети со 36 бода.

Pendarovska rankikng2015-12-02 16.56.34

Моника Пендаровска (-53 кг) кај јуниорките е третопласирана со 174 поени, пред неа се Алја Махмутовиќ од Босна и Херцеговина со 318, Шиау Шунг Гу од Тајпеј 234, а со Франческа Каваларо од Италија го дели третото место исти број на поени.

Овие пласмани се за почит, но треба да се нагласи дека Антиќ ја продолжи традицијата на „Големи победници“ од Макпетрол на Наташа Илиевска и Жарко Арсовски.

„2015 година ќе остане запаметена по бројните медали и успеси кои ги направија каратистите од Макпетрол на сите врвни натпреварувања (европски, светски, балкански и медитерански првенства), во сите возрасни категории. Ние сме клуб кој редовно е присутен на сите натпревари и од Карате 1 Премиер лига. Се одлучивме да се натпреваруваме и споредуваме со најдобрите во светски рамки, затоа учествуваме на овие највисико рангирани турнири кои ги организира Светската карате федерација (ВКФ). Постигнатите успеси ќе претставуваат голем мотив за нашите спортисти и во иднина да постигнуваат големи спортски успеси и признанија, а со тоа достојно да ја афирмираат нашата држава Македонија и клубот Макпетрол“, изјави тренерот на Макпетро, Бошко Заборски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО