Топурија ќе му даде реванш на Волкановски, но смета оти е време да се отвори пат за младите

Класата никогаш не ѝ попуштила на младоста, но во спортот порано или подоцна секоја голема кариера завршува. Александар Волкановски (26-4) се уште не решил да ги закачи ракавиците, но повеќе од очигледно е дека му доаѓа време откако викендов ја загуби титулата во перо категорија од младиот и гладен ѕвер Илија Топурија (15-0). Традиционално, во такви случаи, следи инстант реванш без тоа да биде пишано правило.

„Ќе му дадам реванш бидејќи е добар човек. Но, во исто време, мислам дека треба да продолжиме понатаму. Време е да се расчисти категоријата. Време е за следната генерација со нови предизвици и нови лица“, изјави Шпанецот во своето пост-гала интервју, пренесно од ММА Џанки.

Критиките за „Александар Велики“ не задоцнија, зашто реши да ја прифати втората средба со Ислам Махачев во октомври со мала најава. Потоа тој одговори на поканата на Дана Вајт поради повредата на Чарлс Оливеира само три недели пред галата во Абу Даби. Како резултат на тоа, Волк го претрпе својот прв пораз во кариерата со нокаут откако брутален висок удар го собори. Имаше само 4 месеци да се опорави и да се подготви за Матадор, но наместо тоа беше нокутиран со брутално десно кроше во втората рунда.

Илија Топурија повика на деби на УФЦ во Мадрид, дури и го предложи стадионот „Сантијаго Бернабеу“ за таа цел. Дана Вајт ја поздрави идејата и сега треба да се постигне договор со раководството на фудбалскиот клуб Реал Мадрид. Дури тогаш ќе биде познато дали ќе гледаме реванш со Алекс Волкановски или Конор Мек Грегор ќе го прифати предизвикот на Шпанецот со грузиски корени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО