Топ 10 најдобри борци на УФЦ во последната деценија, Миочиќ шести, Хабиб и ЖСП ги нема на листата

Во вторникот, „Спортс дејли“, кој е дел од американската медиумска групација „УСА Тудеј“, ја објави нивната Топ 10 листа на најдобри борци на УФЦ во последната деценија, но засега само втората половина од листата од 10 до 6-тото место. На шеста позиција е актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ.

Интересно е што борците како Хабиб Нурмагомедов, Жорж Сент Пјер или Роби Лоулер ниту не влегоа на листата бидејќи имаат значително помалку бодови. Во некои други листи се речиси на врвот, но на оваа се потпираат повеќе на впечатокот, помалку на самите статистики и факти.

Со нетрпение го очекуваме ТОП 5 што порталот ќе го открие во наредните денови.

# 6 – Стипе Миочиќ – 100,5 бодови

# 7 – Макс Холовеј – 100,5 бодови

# 8 – Рафаел дос Анхош – 99 бодови

# 9 – Жозе Алдо – 89 бодови

# 10 – Тајрон Вудли – 87,5 бодови

Треба да се споменат:

Тони Фергусон – 84 бодови

T.J.Дилшоу – 84 бодови

Хабиб Нурмагомедов – 80 бодови

Жорж Сен Пјер – 79 бодовиРоби Лоулер – 79 бодови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО