Актуелниот светски аматерски првак во тешка категорија, Тони Јока, помина во четвртфиналето на олимпискиот турнир.
Во неговата прва борба во Рио со едногласна одлука на судиите го победи Лорен Клејтон Јуниор од Девствените Острови. Лорен во првото коло го совлада Германецот Ерик Пфајфер.
Јока во четвртфиналето оди на Јорданецот Хусеин Лашиш кој со неверојатна одлука на судиите го елиминира Романскиот Михаи Нистор. Лашиш два пати во текот на мечот имаше броење.
Евгениј Тишченко е првиот финалист во тешка категорија. Актуелниот светски и европски шампион го победи со едногласна одлука на суидиите 24-годишниот Рустам Тулаганов од Узбекистан.
Во второто полуфинале се борат Казахстанецот Василиј Левит и Кубанецот Ерисланди Савон.
Олимпискиот шампион од Лондон и бронзен од Пекинг, Рони Иглесијас, остана без медал. 27-годишниот Кубанец во четвртфиналето на турнирот во велтер категорија загуби на поени од три години помладиот Узбеците Шахрама Гијасов. Иглесијас златото во Лондон го освои во полувелтер категорија во која беше и светски шампион во 2009 година.
Хрватот Филип Хрговиќ во супертешка категорија го совлада Турчинот Али Демирезен во осминафибалето. Во четвртфиналето ќе се сретне со Кубанецот Леинер Перо,кој пак го совлада Италијанецот Гвидо Вијанела.