Тони Јока на поени го победи Американецот Рајс (ВИДЕО)

Тони Јока (2-0, 1 КО) беше успешен и во втората професионална борба, иако до победата не дојде на посакуваниот начин.

25-годишниот олимписки победник од Рио во Париз потешко отколку што се очекуваше го победи Американецот Џонатан Рајс (7-3-1, 4 КО). Сепак, успеа да го собори противникот во последната рунда.

Французинот славеше со едногласна одлука на судиите по шест рунди – 59-56, 60-54, 58-56.

Следниот меч би требало да биде на 16 декември.

https://youtu.be/rIrN0wG1MNM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON