Тони Фрегусон му предвидува брутална заврашница

Неколку часа пред дуелот со Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 209, Тони Фергусон предвидува дека рускиот борец нема да ја заврши средбата во добра состојба.

Нивниот меч е за привремената титула во лесна категорија на УФЦ, како и за можноста средба со шампионот Конор Мек Грегор.

Во едно од интервјуата Хабиб се закани дека планира да му ја скрши раката на Фергусон, а тој му одговори на Русинот.

„Дали ќе има реванш? Не, по ѓаволите. Не и откако ќе завршам со него на начинот на кој планирам да го направам тоа. Различно е. Ќе го исечам на парчиња. Со овие нови правила во УФЦ, доаѓа нешто различно за него. Ги чувам овие лакти остри како жилет. Од нив летаат искри, бејби“.

„Можеш да сакаш некого, без да го сакаш. Го сакам Хабиб човече. Тој е мојот брат воинк. Тука сите сме едно. Имам мир со него, но внатрешно имаме непријателство. Треба да се реши тоа. Уморен сум од него, човече. Тој е силеџија, но јас ќе го натерам да замолчи. Сепак, чувствувам почит кон него, неговиот татко и целиот негов тим“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО