Тони Фрегусон добива нов противник

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Тони Фергусон, сепак ќе се бори на УФЦ 254 кон крајот на октомври.

Дана Вајт ги сподели новостите на медиумите на прес-конференција по настанот на организацијата во Вегас минатиот викенд.

УФЦ сакаше Фергусон да се бори против Дастин Пориеr, но Дијамантот не се согласи со неговите шефови за парите и се откажа од борбата.

Па така, Вајт ќе бара нов противник на Фергусон, кој на почетокот на оваа година загуби со нокаут од Џастин Гејџи и се раздели со бруталната серија победи. Веднаш започнаа коментарите за новиот противник на Тони, како опција се спомнуваат Чарлс Оливеира, како и Мајкл Чендлер, кој е слободен агент и може да се приклучи на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON