Отман Азајтар: Подготвен сум за се во УФЦ

Отман Азајтар викендов во Лас Вегас имаше силен настап и го победи Хама Ворти со нокаут за 93 секунди.

30-годишниот Мароканец остана непоразен во ММА и го зголеми скорот на 13-0. Отман ја забележа втората последователна победа со нокаутот во првата рунда на УФЦ и тоа му донесе бонус од 50.000 УСД.

Дана Вајт беше задоволна од она што го виде и рече дека ќе организира битка за Азајтар во октомври во Абу Даби. Булдожерот од Мароко заврши 12 од своите битки и сака да им приреди шоу на фановите. Верува дека ги освоил нивните срца и е подготвен да се сретне со секој ривал во организацијата.

„Фала му на Алах за сè. Победив со нокаут во првата рунда и им благодарам на сите за поддршката. Никогаш не знаете што ќе се случи во борба. Се подготвувате за сè. Се подготвувам за сите 15 минути, но понекогаш се случува да победите на овој начин. Не можам да застанам кога мирисам крв. Морам да притискам. Верувам дека тоа го сакаат УФЦ и навивачите.

Сите борци победуваат, но не секој ги освојува срцата на навивачите. Треба да им го дадете на луѓето што го сакаат. Фановите сакаат да гледаат возбудлив борец. Подготвен сум за секој противник, секој чекор и сè ќе сфатам сериозно. Тренирам напорно и го давам својот максимум. Подготвен сум за сè“, изјави Азајтар.

https://www.instagram.com/p/CFFHpD6CoMy/

https://www.instagram.com/p/CFEEYDLizSC/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО