Тони Фергусон се повреди, пропадна борбата со Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 223

За жал, повторно нема да го видиме Тони Фергусон против Хабиб Нурмагомедов. Денес, Тони Фергусон преку социјалните мрежи соопшти дека го повредил коленото и нема да се бори во сабота на УФЦ 223.

„Со зборови не можат да опишам колку сум лут и повреден во моментов. Додека ги извршував моите должности пред борбата, имав несреќа и ја скинав тетивата на коленото. Мојот лекар, како и од УФЦ рекоа дека не можам да се борам и да работам, ќе се консултирам со специјалист за да видам што ќе се случи, да се вратам и да ја бранам мојата титула.

Сакам да им се извинам на сите фанови, мојот тим, УФЦ, Хабиб, моите пријатели и најважно, моето семејство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО