Чурлиновски: Кадетите се подготвени за боксерскиот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија

Македонските репрезентативци Елес Асанов (-52 кг, Баргала), Ѓоше Ѓошев (-54 кг, Пинк Пантер) и Алпај Демиров (- 60 кг, Баргала) денеска патуваат на Меѓународниот боксерски турнир „Емил Жечев меморијал“ во Бугарија од 2 до 7 април.

„Одлично се подготвени боксерите за настапот на „Емил Жечев“ и ќе може да се спротивстават на секој боксер, без разлика од која велесила доаѓа. Ова посебно го нагласувам за боксерите кои ги подготвував Асанов и Демиров“, вели селекторот на репрезентацијата Петар Чурлиновски кој ќе биде придружуван од тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху.

Чурлиновски истакнува дека меѓу овие тројца боксери ќе се бара патникот за Европското првенство за кадети во Русија кое почнува на 8 октомври. Покрај овој турнир ќе имаат уште две проверки, едната е во мај на Јадран куп во Будва-Црна Гора, а другата е во Врбас-Србија, во август.

Селекторот Чурлиновски се осврна и на настапот на јуниорите на „Трофеј Подгорица“, при што искажа задволство од настапот на Хурмет Јонузи (-75 кг) кој го освои бронзениот медал со една победа и еден пораз од најдобриот боксер на турнирот Милован Секуловиќ.

„Јонузи покажа најмногу, не разочара и Серген Демиров. Во иднина може да сметаме на Јонузи, Демиров и Оран Шакировски, со тоа што ќе треба подобро физички да се подготват и да се поработи на тактичко-техничките перформанси“, истакна селекторот на репрезентацијата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО