За жал, повторно нема да го видиме Тони Фергусон против Хабиб Нурмагомедов. Денес, Тони Фергусон преку социјалните мрежи соопшти дека го повредил коленото и нема да се бори во сабота на УФЦ 223.
„Со зборови не можат да опишам колку сум лут и повреден во моментов. Додека ги извршував моите должности пред борбата, имав несреќа и ја скинав тетивата на коленото. Мојот лекар, како и од УФЦ рекоа дека не можам да се борам и да работам, ќе се консултирам со специјалист за да видам што ќе се случи, да се вратам и да ја бранам мојата титула.
Сакам да им се извинам на сите фанови, мојот тим, УФЦ, Хабиб, моите пријатели и најважно, моето семејство“.