Тони Фергусон се изјасни за невин за несреќата што ја предизвика

Поранешниот привремен шампион на УФЦ во лесна категорија, Тони Фергусон, се изјасни за невин по обвиненијата поврзани со несреќата што ја предизвика во Лос Анџелес.

Фергусон минатиот месец удри со својот пикап паркиран пред ноќен клуб во Холивуд. Во последните денови обвинителите формално го обвинија дека возел во алкохолизирана состојба. Тони беше уапсен на 7 мај откако одби алкотестирање на лице место од полицајците.

Според полицијата, Фергусон бил „некооперативен“ со полицајците кои пристигнале на местото на настанот. Ѕвездата на УФЦ беше ослободенa со кауција набргу откако беше приведен. Тој може да се соочи со условна казна и парична казна до 1.000 долари доколку биде осуден.

Фергусон не зборуваше јавно за неговите правни проблеми и инцидентот. Тони ќе се врати против Боби Грин на UFC 291 следниот месец во Солт Лејк Сити. Тој сака да се врати на победничките патеки откако досега беше во серија од 5 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО