Тони Фергусон: Ќе ги нокаутирам сите во полусредна категорија

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон се борел со скоро сите борци во категоријата и се наоѓа во серија од 12 последователни победи. Успеа да се избори со проблемите со психичката состојба и се врати во јуни на брилијантен начин со победа над Доналд Цероне. Во 8-те последни борби Tони добива 8 бонуси што покажува каков тип борец е „Ел Кучи“.

Во моментов Тони нема закажано борба и ќе чека шанса за титулата против победникот од битката меѓу Хабиб и Пориер кои ќе се борат во септември во Абу Даби. Фергусон во иднина планира да се качи во полусредна категорија и верува дека ќе се справи со секој еден од борците во повисоката категорија:

„Јас ќе го поразам Хабиб, а потоа ќе поминам во средна категорија и сите ќе ги нокаутирам таму. Но, сега најважна е борбата со Хабиб. Дај ми го тој појас. Да, веќе ми е досадно во лесна категорија. Успеав да ги победам сите.

Пратете ме во средна категорија и јас ќе им покажам. Првично бев во полусредна категорија, а потоа отидов во лесна, но тоа е дел од програмата. Но, сега пак ќе морам да подигнам и тоа е забавно. Ова е дел од натпреварот“.

https://www.instagram.com/p/BzqzodJh0Sv/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON