Тони Фергусон: Јас сум легенда што не згаснува, само се загревам

Тони Фергусон загуби седум меча во низа и по настапот против Педи Пиблт, никој не верува дека повторно ќе се издигне.

Фергусон несомнено е легенда во мешаните боречки вештини и некогаш беше една од најголемите закани во целата лесна категорија. Но, времето го стигна и по неговиот судбоносен пораз од Џастин Гејџи, работите за него едноставно тргнаа надолу. Во контекст на оваа лоша форма, Фергусон беше запрашан дали е крајно време конечно да се откаже.

Фановите веруваат дека тоа е така, но Тони одбива. Тој вели дека се уште бара борби и пресврт во неговата кариера допрва доаѓа. Да беше некој друг, одамна ќе беше избркан од организацијата. Сепак, Даја Вајт е трпелив со Фергусон, но и тој веќе почна со повици за пензионирање.

Тони планира да продолжи бидејќи сега почнал да се загрева.

„Мојот последен пораз е нешто зад мене. Мојот агол ми врескаше да бидам поактивен и да ги преземам нападите, но не очекував дека Педи ќе сака да ме собори од самиот почеток. Се подготвував повеќе за стој, но натпреварот најмногу се одржуваше на партер.

Но, не грижете се, ќе поправам сè. „Ел Кукуј“ е легенда. Не завршува, само се загрева. Не одговарам на ниту еден јавен повик да ги закачам ракавиците на клинец. Младите момци можат да учат од мене.

Сега треба само да направам некои прилагодувања и ќе се вратам посилен. Уживам во натпреварите и верувам дека и моите навивачи уживаат во нив. Ќе започнам со напорни тренинзи“, изјави Тони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @TonyFergusonxt (@tonyfergusonxt)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО