Тони Фергусон: Го сакам овој спорт

Тони Фергусон нема да се повлече од ММА по новиот тежок пораз во октагонот.

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија загуби со тежок нокаут од Мајкл Чендлер. Тие се бореа минатиов викенд во Аризона на УФЦ 274. Тони се претстави добро во првата рунда и го собори Чендлер. Во втората рунда Фергусон беше брутално нокаутиран по ножен удар во вилицата.

Тоа беше четврти пораз по ред за Ел Кукуј, но Дана Вајт рече дека нема да го ослободат. Фергусон останува легенда во лесна категорија.

„Честитки за победата на Мајкл Чендлер. Се забавував во кафезот. Навивачите се диви. Го сакам овој спорт. Чувството да се враќам и да сум гладен е добро. Само што почнувам.

Му посакувам успех на Чендлер во неговата следна битка. Се забавував во кафезот. Сега сакам да бидам дел од ММА тим“, напиша Фергусон на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON