Бивол се симнува две категории за појасите на Канело

Дмитри Бивол го одбрани ВБА појасот во полутешка категорија по 12 рунди против Сoл Алварез-Канело. Русинот е подготвен за реванш со суперѕвездата, но овој пат цели кон апсолутна светска титула во суперсредна категорија.

Мексиканецот имаше одредено оправдување за поразот, но така поставените факти веќе претставуваат голем ризик за него.

„Тој ги држи појасите во суперсредна категорија, веројатно е неговата природна тежина“, изјави Бивол за Behind the Gloves.

„Можеби следната битка е за неговите четири појаси, немам проблем да ослабам“.

Канело го претрпе првиот пораз по осум ипол години, при што сите тројца судии дадоа 113-115 во корист на неговиот противник. После тоа никогаш не даде недвосмислен одговор дали сака нов меч со Бивол.

Сепак, Русинот во моментов е на врвот на бранот и се очекува да биде предизвикан од голем број борци. По најголемата победа во кариерата, Дмитри сега може да одлучи со кого да се бори а со кого не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО