Тони Фергусон: Ги добивам борбите уште од времето кога Мек Грегор беше на социјална помош

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон се враќа овој викенд. Тој ќе се бори во главната борба на УФЦ 256 во Лас Вегас против Чарлс Оливеира. Ова е битка што сериозно ќе се одрази на кариерата на „Ел Кукуј“, која за првпат по 8 години доаѓа по пораз.

Во мај Фергусон загуби од Џастин Гејџи и се раздели со серијата од 12 победи. Многумина веруваа дека Тони ќе се справи со Гејџи, но тоа не се случи и Фергусон си направи голема штета. 36-годишниот Американец се пофали со своите достигнувања и не пропушти да ги критикува своите колеги.

„Оваа титула е влажен сон. Скоро ја достигнав, но тие секогаш ја држат подалеку од мене. Не знам што е проблемот. Можеби е тоа што сум Мексиканец. Јас сум Американец со мексикански карактеристики. Победував 8 години по ред и бев во серија од 12 последователни победи. Во тоа време сè уште немаше жени во УФЦ, а Конор Мек Грегор беше на социјална помош. Има уште многу работи, но сè уште немам шанса за титулата. Тука сум и сè уште чекам.

Имам една титула дома, можам да проследам и друга. Имам и трофеј од Ултимејт фајтер. Имам медали и јас сум господар на ринговите со сите мои почести. УФЦ соопшти дека Чендлер има борба, а малку подоцна тој рече дека нема. Во одреден момент, некој излажа и требаше да ги поправи фактите.

Оливеира беше единствениот силен борец кој сакаше да се бори. Чендлер не сакаше, Пориер не сакаше, Мек Грегор избега, а Хабиб исчезна. Има задници кои сакаат да ги стават другите борци пред мене во поредокот и да ме вратат на 5-то место.

Каде погрешив ? Никој не застана за мене да добијам шанса за титулата. Мојата серија од 12 последователни победи застана“, изјави Тони за медиумите.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО