Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон е подготвен да се врати во кафезот. 36-годишниот ветеран сака да направи уште една борба оваа година. Тони за противници ги избра Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.
„Ел Кучуј“ беше во серија од 12 последователни победи. Се сретна со Џастин Гејџи на почетокот на мај и загуби од технички нокаут откако Гејџи доминираше во мечот.
Фергусон има само два порази во последните 20 меча. Сака да се бори против Мек Грегор или Пориер, а доколку победи, ќе се соочи со победникот на од средбата меѓу Џастин Гејџи и Хабиб Нурмагомедов. За жал, Хабиб сака да се бори против Жорж Сент Пјер, и ако го победи Гејџи, ова ќе биде последната борба на Хабиб во ММА.
Битката меѓу Хабиб и Фергусон не успеа пет пати, највероајтно никогаш нема да ја видиме. Ако Гејџи успее да го победи Нурмагомедов, тогаш УФЦ лесно може да направи реванш меѓу него и Фергусон.
https://www.instagram.com/p/CDOniP2pCXd/?utm_source=ig_embed