Боксерските навивачи се уште се надеваат на меч за титулата за апсолутен светски шампион во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.
На почетокот на годината се обидоа да договорат меч, но Кралот на Ромите одвреме-навреме поставуваше нови барања, па Украинецот се повлече од преговорите.
Минатиот викенд Усик го победи Дубоа и ги одбрани појасите на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО во тешка категорија, а по мечот повторно се ажурираше приказната за борбата за апсолутен шампион, а тоа го потврдија и промоторите на двајцата борци.
И поранешниот шампион Тони Белју верува дека Усик, доколку се договори меч за апсолутниот шампион во тешка категорија, би можел да го победи Фјури.
„Усик моментално сака само борба за обединување на појасите. Ја сака титулата во ВБЦ и тогаш најверојатно ќе се пензионира. Мислам дека после тоа нема да го видиме повторно во рингот, ќе се пензионира“,- истакна Тони Белју и додаде:
„Тој е голем шампион и апсолутно одличен боксер. Има златен олимписки медал и е апсолутен шампион во полутешка категорија. Досега направи се што може и ако го победи Тајсон Фјури ќе стигне до крајот на патот. После тоа нема што да се прави. А е способен за тоа. Ако го победи Фјури ќе се пензионира како еден од најголемите“.