Сирил Гане верува во убедлива победа против Сергеј Спивак

Французинот Сирил Гане и Молдавецот Сергеј Спивак се предводници на настанот УФЦ Фајт најт 226 што ќе се одржи во Париз во сабота.

Гана се враќа во октагонот откако го загуби во мартовскиот меч за титулата во тешка категорија против Џон Џонс, негов втор пораз во последните три борби.

Францускиот борец се надева на успешно враќање и најавува победа над Спивак, кој има три победи во низа (Грег Харди, Аугусто Сакаи и Дерик Луис).

„Се надевам на одличен натпревар и убедлива победа. Сакам да го извлечам најдоброто од себе за да стигнам до триумфот. Исходот од последниот меч не треба да биде пречка на мојот понатамошен пат. Лошо испадна, но се враќам посилен“, истакна Сирил Гане и продолжи:

„Најдобро му е да оди на подот, сто проценти сум сигурен дека веднаш ќе се обиде да ме собори, тој е многу добар во тоа. На мечот против Џонс направив неколку грешки и немав време да ги поправам. Борбата веднаш заврши. Морам да бидам повнимателен од првата секунда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО