Конор Мек Грегор продолжува да тренира, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Славниот ирски ММА борец Конор Мек Грегор го имаше последниот меч во јули 2021 година, кога на крајот од прват рунда против Дастин Пориер ја скрши ногата и мораше да го предаде мечот.

Тоа беше трет пораз за Ноториус во последните четири натпревари.

Фановите со нетрпение го очекуваат неговото враќање по повеќе од две години пауза, а според најавите тоа би требало да се случи на 16 декември на настанот УФЦ 296 во Лас Вегас.

Мек Грегор треба да се соочи со Мајкл Чендлер откако и двајцата учествуваа како тренери во Ултимејт фајтер.

Но, прашање е дали тој меч воопшто ќе биде договорен, бидејќи Конор веројатно се уште не влегол во протоколот на Американската антидопинг агенција.

Ирецот неодамна објави порака на Твитер во која го најави својот меч против Чендлер на крајот на годината.

Најголемата ѕвезда на УФЦ продолжува вредно да тренира, а за да ја скокотка фантазијата на фановите на Конор, Мек лајф на својот канал на Јутјуб објави дел од тренингот во кој борците удираат во фокусерите.

А еден од нив е Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО