Тони Белју е загрижен за здравјето на Мајк Тајсон поради борбата со Џејк Пол

Една од најдискутираните теми во светот на боречките вештини несомнено е средбата на Мајк Тајсон и Џејк Пол во боксерскиот ринг. Еден од најголемите во историјата се среќава со човекот кој го промени спортот во последните неколку години. Сепак, разликата во години е причина за загриженост, а тоа го споделува и Тони Белју, коментирајќи ја претстојната гала во Тексас.

„Јас лично сум загрижен, но никој не знае што точно се договориле меѓу себе“, изјави поранешниот шампион во полутешка категорија, пренесува Ток спорт.

30 години е разликата меѓу „Железниот Мајк“ и „Проблем кид“. Никој не се сомнева дека Тајсон во цутот ќе го прегази Пол, но во спортот и животот важат правилата на природата каде времето е главниот непријател.

Галата е закажана за 20 јули на стадионот АТ&Т каде се очекуваат 80.000 гледачи. Настанот ќе го одбележи и дебито на спортските настани во живо на Нетфликс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО