Томас Бах: Нема откажување на Олимпијадата во Токио


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах истакна дека е премногу рано да се одложат Олимписките игри во Токио, но сепак постојат неколку сценарија, имајќи ја предвид пандемијата на новиот коронавирус.

МОК ќе работи по совет на своето тело во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), изјави Бах за „Њујорк Тајмс“.

Бах повтори дека останува оптимист дека Игрите ќе се одржат во предвидениот термин, од 24 јули до 9 август годинава, и истакна дека не се ни зборува за откажување на најголемото светско спортско натпреварување.

-Секако дека размислуваме за различни сценарија, но за разлика од многу спортски организации или професионални лиги, имаме уште четири и пол месеци пред почетокот на Игрите. Значи, не би било одговорно да ги одложиме Игрите во овој момент.

Премногу е рано да се донесат вакви одлуки кога немаме ниту препораки од работната група на МОК. Не планираме одложување на Игрите – рече првиот човек на МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО