Тајсон Фјури: Миете си ги рацете, клошари!

Тајсон Фјури ги предупреди своите фанови дека треба да ги мијат рацете за да не шират микроби. Шампионот во тешка категорија на ВБЦ користи еден од навредливите зборови што тој го нарекува Дионтеј Вајлдер, „dosser“, за да ги повика навивачите за поголемо внимание.

На  својот профил Фјури објави фотографија на која пишува „Измијте ги рацете, клошари“. Очигледно Тајсон дава се од себе да не се зарази со коронавирусот, а според експертите, една од најважните работи е хигиената на рацете.

„Запомнете да продолжите да ги миете рацете за да го запрете ширењето на бактериите. Бидете хидрирани, земајте витамини и останете позитивни, момчиња. Бог да ве благослови“, напиша Фјури.

Пред неколку дена стана извесно дека Тајсон Фјури може да добие 8-годишна забрана за боксирање.

На крајот на минатиот месец Фјури се врати на врвот откако го претрпа Вајлдер и му го нанесе привиот пораз со што го симна од тронот на ВБЦ. Третата борба меѓу нив се очекува годинава, но Фјури прво треба да се справи со Антидопинг-комисијата на Велика Британија (УКАД).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО