Том Аспинал се зајаде со Стипе Миочиќ

Том Аспинал продолжува да негодува поради фактот што Дaна Вајт го држи настрана од шампионската титула на УФЦ во тешка категорија и покрај очигледната заслуга од Британецот. Првично го нападна статусот на Џон Џонс, а сега критиките ги насочи кон Стипе Миочиќ.

На социјалните мрежи Аспинал објави податок за поранешниот двократен шампион. Тој потсети дека последниот меч на Миочиќ во кафезот беше пред Алекс Переира да дебитира во октагонот.

Во меѓувреме, Бразилецот имаше време да стане шампион во средна и полутешка категорија, со вкупно 11 мечеви во ММА.

Стипе Миочиќ несомнено важи за еден од најголемите шампиони во дивизијата, но во професионалниот спорт времето на врвот е строго ограничено.

Дана Вајт налути многумина велејќи дека нема шанси да го понижи Стипе ставајќи го во привремен меч за титулата кога тој го местеше мечот Аспинал-Сергеј Павлович. Тие потоа го пополнија главниот настан во Њујорк кога Боунс беше повреден. Исто така, тој одби да го земе појасот од Џон и покрај тоа што на 5 март ќе биде една година од победата над Сирил Гане, а повредата на градниот кош навестува опоравување барем до есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО