Том Аспинал психички е напрегнат од чекањето на Џон Џонс

За Том Аспинал, играта на чекање е понапорна отколку закрепнувањето од сериозна повреда.
Во јули 2022 година Аспинал го повреди коленото во првите моменти на главната борба на УФЦ во Лондон, повреда што го отстрани околу една година од октагонот. Иако беше тежок период, Англичанецот успеа да се врати во форма по закрепнувањето, добивајќи ги следните три борби во првата рунда. Во тој период го освои привременото злато во тешка категорија и еднаш го одбрани појасот, одмаздувајќи се за единствениот пораз во УФЦ од Картис Блејдс.
Оттогаш, Аспинал е надвор од акција речиси уште една година, но овој пат не е виновна повредата. Наместо тоа, тој се радува на борбата со Џон Џонс. Во моментов е не е познато дали борбата воопшто ќе се случи.
Аспинал дискутираше за разликата меѓу враќањето од повреда и чекањето на борбата за време на интервјуто со Деметриус Џонсон на Мајти каст.
„Јас сум надвор речиси една година, без никаква перспектива за ништо освен чекање“, рече Аспинал. „Всушност, за мене сега психички е малку попредизвикувачки, отколку што беше тогаш. Дури и луѓето ме прашуваа: „Дали си добро? Како се справуваш со враќањето?“ и слични работи. Јас бев како: „Да, добро сум. Се радувам на тоа. Докторот рече дека треба да го направам ова за две недели или два месеци и можам да почнам да се борам. Секогаш имав мали цели кон кои треба да работам. Додека сега е само како: „Само биди подготвен и ќе те известиме“.
„Психички е доста тешко, но тоа е борбата со Џон Џонс. Борбата е поинаква работа. Тоа е незгодниот дел каде што навистина морам да останам подготвен, да останам мотивиран и да се обидам да дадам се од себе. Понекогаш е тешко“.
Додека извршниот директор на УФЦ Дана Вајт е уверен дека борбата Џонс-Аспинал ќе биде договорена, „Боунс“ беше загадочен и претежно тивок. Во неодамнешна објава на социјалните мрежи Џонс рече дека го информирал промотерот за своите планови „одамна“ и дека од нив зависи да им ги откријат плановите на фановите.
Иако тоа може да значи многу работи, шампионот во тешка категорија, исто така, се чинеше дека навестува враќање додека се потсмеваше на Аспинал во своите Инстаграм приказни:
Jon Jones via. Instagram
"What I feel like returning to the UFC after some much needed downtime." 👀👀
(via. @JonnyBones) #UFC #MMA pic.twitter.com/haLztKxKho
— Championship Rounds (@ChampRDS) May 20, 2025
„Аспинал е повеќе загрижен за освојување на неприкосновената круна во тешка категорија отколку за да му го зададе првиот вистински пораз на Џонс.
Искрено, го разбирам гледиштето на Џон“, рече Аспинал. „Го разбирам. Го разбирам. За мене се работи само за титулата. Само ја сакам титулата, тоа е сè. Ништо друго не е важно. Значи, целосно го разбирам, го разбирам неговото гледиште, разбирам што велат сите, целосно го разбирам. Само сакам да докажам дека сум најдобар, тоа е сè“.



