АктуелноМеѓународна сценаММА

Том Аспинал откри кога би можел да премине во боксот, а неговиот татко Енди ја поддржува идејата

Во неодамнешно интервју, актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Том Аспинал, се осврна на можна транзиција од MMA во бокс.

Имено, кога штотуку тргнал во боречките вештини, Том тренирал бокс со Тајсон Фјури, а во 2017 година имал еден професионален меч.

На настанот во Манчестер, Аспинал го нокаутирал Тамас Бајзат во првата рунда (во меч договорен за четири рунди).

После тоа, се посветил само на слободните борби, а во 2020 година преку Кејџ вориорс стигна во најголемата светска MMA организација, УФЦ.

Канело Алварез и Теренс Крафорд во неодамнешната борба заедно заработиле 200 милиони долари, па сега се споменува можна транзиција на Аспинал во боксот.

„Не, во моментов не размислувам за бокс“, рече Том Аспинал и продолжи:

„Ако ја освојам дивизијата и нема повеќе борци кои можат да ме загрозат, тогаш можеби ќе размислам за тоа“.

Аспинал треба да ја брани титулата во тешка категорија против Сирил Гане на 25 октомври на УФЦ 321 во Абу Даби.

„Кога има големи плати во боречките спортови, тоа е добро за сите. Ако сите можеме да добиеме повеќе, тогаш тоа е во ред. Не можам да се жалам на платата во УФЦ. Сто милиони долари е огромна сума, тоа се многу пари. Мислам дека е добро за сите, не само за мене. Добро е за сите во боречки спортови – рече Том Аспинал, а неговиот татко Енди претходно рече дека неговиот син треба да се обиде во боксот:

„Би сакал да организира боксерска борба со голем хонорар. Парите се таму и не гледам зошто некој толку талентиран како Том не треба да добие дел од нив. Боксерите заработуваат сто пати повеќе. А УИФЦ не плаќа толку многу. Ако го стореа тоа, би било одлично и би можел да заработи добро. Мислам еден процент од најдобрите борци треба да добиваат повисоки хонорари“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON