„Тој никогаш нема да изгуби“

Главниот тренер на АКА тимот Хавиер Мендез уверен е дека нема да го дочекаме денот во кој ќе се случи првиот пораз на Хбаиб Нурмагомедов (26-0).

Зошто?

„Бидејќи психички е пресилна личност“,ќе рече самоуверено Мендез во Јуробаш подкастот на ММА фајтинг.

„Јас навистина мислам дека никогаш нема да загуби. Хабиб секогаш ќе најде сè што му е потребно за да победи. Без разлика дали ќе го направи тоа на мој или на негов начин. Едноставно ќе го пронајде патот до победата, тоа е она што го прави тој“.

Всушнос т, тоа е една од причините зашто на него нема да влијаат менталните игрички на Конор Мек Грегор, на мислење е Мендез, кој додава дека воопшто не е загрижен дека може да го поведат емоциите поради нападот на Конор на автобусот кој во завршницата послужи како голема промоција за претстојната средба во главната борба на УФЦ 229.

„А верувајте ми, Мек Грегор ќе се обиде да го исфрли од колосек бидејќи е мајстор во таа борба, но во Хабиб ќе пронајде рамноправен спаринг партнер, како оној на психичка, така и оној на ментално ниво“, заклучува главниот тренер и сопственик на славната калифорниска сала.

Дали е во право ќе дознаеме на 6 октомври.

https://youtu.be/c7wAnk8m4w8

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО