Изборниот турнир во Штип: Азиз убедлив, Петков изненадување, Спасеновски дисквалификуван, Несторовски подобар од Арсовски (ФОТО)

Во Штип заврши Државниот изборен карате турнир за сениори на кој се одредува составот на репрезентацијата за Светското првенство во Шпанија од 6 до 11 ноември.

Во суштина славеа фаворитите, а од пријавените 57 натпреварувачи сите не се појавија.

Сепак ќе биде забележано дека во категоријата до 84 килограми Петар Спасеновски беше дисквалификуван бидејќи во финалната против Берат Јакупи доби шикаку. Односно по една акција каде што имаше малку повеќе држење од дозволеното Спасеновски тргна да се пресметува со Јакупи. Со овој потег ги изгуби шансите за место во репрезентацијата. Судиите требаше да реагираат првовремено за држењето на Берат, но спортот признава спортско однесување.

Во тешкашката пресметка Мартин Несторовски за нијанса беше подобар од Жарко Арсовски. Една од најинтерсните борби беше онаа меѓу Азиз Исмаил и Димитар Илиевски во – 75.

Во женска конкуренција (-61 кг) Наташа Стефановска и Вероника Костовска водеа неизвесна борба, а на крајот славеше поискусната. На Наташа ова и беше првата борба по тешката повреда. Јована Георгиева ја доби Симона Заборска во последните секунди на борбата.

Најголемото изненадување е Давид Петков во 67 кг, кој во финалето салвеше против Константин Василевски, а фаворитот Ненад Келебиќ е трет.

Овој Турнир и Премиер лигата во Брелин од 14 до 16 септември се критериумски за состав на репрезентација за Светското првенство од 6 до 11 ноември во Шпанија. Така што каратистите имаат и втора шанса.

Да потсетиме дека Карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе одлука европскиот шампион Емил Павлов да биде директен учесник на СП. Ваквата одлука значеше и многу неатрактивна категорија, за што придонесе и откажувањето на Шабан Муртиши.

Од ова СП почнува бодувањето за Олимписките игри во Токио 2020 година (за европксите и неазиските натпреварувачи, бидејќи бодувањето почна од шампионатот на Азија).

Резултати
Ката жени
1.Пуликсенија Јованоска (КФМ

Кати мажи
1.Ферри Исиќ (Вардар)
2.Георги Бановски (Гладијатор)
3. Александар Неделковски (Металург)
3.Реџеп Мустафовски (Фунакоши Гичин)

Кати екипно мажи
1.Гладијатор (Бановски, Васиќ, Димитријевски)

-50 кг
1.Сара Радичевска (Макпетрол) 
2.Драгана Манговска (Металург)
3.Афродита Димитрова (Астибо)
3.Верона Ајдини (Форца)

Сара Радичевска (Макпетрол) – Драгана Манговска (Металург) 2-1

-55 кг
1.Јована Георгиева (Олипмик Спорт) 
2.Симона Заборска (Макпетрол)
3.Моника Пендароска (Макпетрол)
3.Сара Крстевска (Металург)

Сара Крстевска (Металург) – Елена Биџева (Вардар) победа на Сара
Моника Пендароска (Макпетрол)Јована Георгиева (Олипмик Спорт) 1-3
Сара Крстевска (Металург)Симона Заборска (Макпетрол) 0-3
Јована Георгиева (Олипмик Спорт)Симона Заборска (Макпетрол) 4-1

-61 кг
1.Наташа Стефановска (Макпетрол) 
2.Вероника Костовска (Кеикс)

Вероника Костовска (Кеикс)Наташа Стефановска (Макпетрол) 1-2

-68 кг
1.Моника Стефановска (Макпетрол)
2.Ангела Мојсовска (Макпетрол)
3.Бојана Манева (Штип)

Бојана Манева (Штип)Моника Стефановска (Макпетрол) 0-0 (на изјаснување 0-5)
Моника Стефановска (Макпетрол)Ангела Мојсовска (Макпетрол) 1-0

+68 кг
1.Николина Милорадовска (Кеикс)

-60 кг
1.Ардит Марку (Уранику)
2.Албион Идризи (Шкендија)

Албион Идризи (Шкендија) – Ардит Марку (Уранику) 0-0 (0-5)

-67 кг
1.Давид Петков (Макпетрол)
2.Константин Василевски (Спорт 94)
3.Ненад Ќелебиќ (Цветан Димов)
3.Мартин Стојменов (Олимпик Спорт)

Роберто Ацковски (Металург) – Стефан Апостоловски (Маваши) победа на Роберто

-75 кг
1.Азиз Исмаил (Металург)
2.Доан Османи (Фати)
3.Петар Заборски (Макпетрол)
3.Фисник Агуши (Цветан Димов)

Шпенд Власаку (Шогун) – Мартин Димитров (Штип) 0-4
Азиз Исмаил (Металург) – Димитар Илиевски (Ботони) 3-2
Фисник Агуши (Цветан Димов) – Доан Османи (Фати) 0-5
Филип Несторовски (Металург) – 5-0
Петар Заборски (Макпетрол)Азиз Исмаил (Металург) 0-5
Петар Заборски (Макпетрол) – Димитар Илиевски (Ботони) победа на Петар
Азиз Исмаил (Металург)Доан Османи (Фати) 1-1 (победа на Азиз)

-84 кг
1.Берат Јакупи (Фати)
2………………………………..
3.Виктор Крстевски (Металург)
3.Наум Јованов (Астибо)

Берат Јакупи (Фати)Наум Јованов (Астибо)победа
Берат Јакупи (Фати)Петар Спасеновски (Макпетрол) дисквалификација

+84 кг
1.Несторовски Мартин (Вазари)
2.Жарко Арсовски (Штип)
3.Филип Коцевски (Металург)
3.Игор Ѓоргев (Штип)

Несторовски Мартин (Вазари) – Игор Ѓоргев (Штип) 3-0
Жарко Арсовски (Штип) – Филип Коцевски (Металург) 3-2
Несторовски Мартин (Вазари) – Жарко Арсовски (Штип) 1-0

Официјални резултати

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО