Тодоровиќ загуби со нокаут од Њокуани, Амедовски со задушување од Холмс, Кетлин Виеира подобра од Холи Холм

Во главната програма на УФЦ Фајт најт 206 настанот што се одржа во Лас Вегас, српскиот борец Душко Тодоровиќ во петтиот настап за најголемата светска ММА организација,загуби од Чиди Њокуани со нокаут на 12 секунди пред крајот на првата рунда.

Тодоровиќ уште на почетокот на мечот се обиде да го уништи противникот, но Њокуани одлично одбрани.

Американецот со нигериски корени се обиде да изненади со задушување, но Душко се извлече и го нападна Чиди одзади.

Тодоровиќ тешко го држеше противникот на пониската позиција.

Првата рунда се ближеше кон крајот, а потоа Њокуани од клинч со лакт го удри Душко во глава, кој заврши целосно потресен на подот.

Судијата ја прекина бробата. Српскиот борец повторно загуби по триумфот против Маки Питол. Ова е негов трет пораз во УФЦ.

Кетлин Виера ја совлада Холи Холм во главната борба на настанот во неизвесен меч со поделена одлука на судиите, а на ист начин Мишел Переира го совлада Сантијаго Понзинибио.

Во воведните борби, Урош Медиќ со нокаут во втората рунда го победи Омар Моралес од Венецуела, додека Македонецот Ален Амедовски во првата рунда загуби од Џозеф Холмс со „задушување од позади“. Ова е трет пораз на Амедовски во УФЦ, веројтано и збогување со УФЦ.

Резултати на УФЦ Фајт најт 206:
Кетлен Виеира – Холи Холм – поделена одлука (47–48, 48–47, 48–47)
Мишел Переира – Сантијаго Понзинибио – под. одлука (28–29, 30–27, 29–28)
Чиди Њокуани – Душко Тодоровиќ – КО, Р1 (4:48)
Табата Рици – Полјана Вијана – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Јун Јонг Парк – Ерик Андерс – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Џозеф Холмс – Ален Амедовски – завр. (задушување од позади), Р1 (1:04)
Жаилтон Алмеида – Паркер Портер – завр. (задушување од позади), Р1 (4:35)
Урош Медиќ – Омар Моралес – ТКО, Р2 (3:05)
Џонатан Мартинез – Винс Моралес – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Чејс Хупер – Фелипе Коларес – ТКО, Р3 (3:00 часот)
Сем Хјуз – Елиз Рид – ТКО, Р3 (3:52).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО