Флојд Мејведер му одржа лекција на Ден Мур во Абу Даби (ВИДЕО)

Живата боксерска легенда Флојд Мејведер го одигржа ревијалниот меч против Ден Мур во Абу Даби. Боксерскиот меч беше во осум рунди од две минути, а очигледно беше дека непоразениот во професионалниот ринг Флојд себореше со не повеќе од триесет проценти од своите сили.

„Флојд, го направи она што требаше да го направи! Почит! Ми се спротивставуваше и ги капитализираше моите грешки. Се обидов да ги комбинирам моите удари, но ти си подобар. Те сакам, брат!“, рече Ден Мур во рингот веднаш по средбата. Мур и Мејведер беа спаринг партнери за време на активната професионална кариера на Флојд.

Самиот Мејведер по средбата потврди дека за него целта на оваа средба била да се забавува себеси и оние кои дошле да гледаат. Тој исто така љубезно зборуваше за својот ривал, заклучувајќи дека Ден Мур секогаш ќе биде шампион во душата.

„Тајна е што ќе правам по овој меч, но имам противник“, изјави Мејведер и додаде дека очекува да се врати во ОАЕ во октомври на уште еден пријателски меч.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО