Други вештиниТаеквондо
ТКД Феникс освои шест медали на „Корио опен“ (ФОТО)
ТКД Феникс освои шест медали со осум натпреварувачи на завчерашниот „Корио опен“ во Скопје.
Матеј Богески освои златен медал во пионерска конкуренција, а Стефан Димовски, Ѓорѓи Хасановски и Лука Ангелов сребрени, додека кадетите Мирче Секоски и Христијан Спировски се третопласирани.
„Натпреварувачите покажаа дека клубот има квалитет и се движиме на правиот пат“, вели тренерот Александар Вељановски.
Ipon.mk






