ТК Петровец на прием кај градоначалниот Борче Митевски

378

TK Petrovec kaj gradonacalnikot

Членовите на ТК Петровец, предводени од тренерот Ацо Атанасов и капитенот Иво Сандев, беа примени од градоначалникот на Опшштина Петровец, Борче Митевски, по повод освоеното прво место во вкупниот пласман на првиот турнир во таеквондо „Трофеј на Скопје“.

Да потсетиме дека на „Трофеј на Скопје“ учествуваа 260 натпреварувачи од 9 земји. За најдобар клуб во вкупниот пласман во сите категории беше прогласен ТК Петровец со скор (7 први, 7 втори и 8 трети места), пред ААМ Приштина (6-3-3) и Олимпик арт (4-5-4).