ТК Делини Илинден на „Галеб трофеј“ од серијата Г-1 турнири

aco so natprevaruvaci

На големиот таеквондо турнир „Галеб трофеј“ или, како што уште се нарекува „Србија опен“, од серијата Г-1 ќе настапат членовите на ТК Делини Илинден.

За Делини Илинден ќе настапат: Деспина Јовчевска (-51 кг) кадети, Кристијан Спасовски (-55 кг), Давид Костадиновски (-68 кг) и Марија Пешевска (-59 кг), сите во јуниорска конкуренција.

Бидејќи ова е турнир од серијата Г-1, на него се собираат бодови за Олимписките игри во Рио 2016 година. Се очекува да има околу 1400 натпреварувачи од 50 држави, односно 428 клуба, од кадетска до сениорска конкуренција.

Според сите мерила, турнирот е на ниво на светско првенство, а организатор на турнирот е ТК Галеб од Белград, кој е матичен клуб на олимписката шампионка Милица Мандиќ.

Од друга страна, ова е тест за нашите јуниори за Европското првенство во Латвија, кое ќе се одржи на 22 октомври, како и за ЕП во Букурешт-Романија, за јуниори до 21 година.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО