Тим Дагестан го соопшти датумот на враќањето на Нурмагомедов во кафезот

Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мек Грегор не се борел, а на тоа кумуваше и суспензијата од УФЦ, но неговиот тим објави кога пак Русинот ќе се врати во октагонот. 

„Наредната борба на Хабиб ќе биде на 7 септември. Забележете го ова“ напишаа од ММА Тимот Дагестан.

Тогаш Нурмагомедов би требало да ги вкрсти ракавиците со победникот од дуелот Макс Холовеј и Дастин Пориер. Русинот засега е на скор од 27-0 и никој ни приближно не беше во позиција да го совлада во кафезот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО