АИБА го избра Мохамед Мустасан за привремен претседател

Мохамед Мустасан е избран за привремен претседател на Меѓународната федерација за бокс (АИБА). Тој го замени Узбекистанецот Гафур Рахимов кој вчера си поднесе оставка. Мустасан кој е шеф на Африканската боксерска конфедерација (АФБЦ/AFBC), досега беше потпретседател на АИБА.

Тој е избран на функцијата денес итен телеконференциската седница на Извршниот комитет на светската боксерска централа. Рахимов си даде оставка откако беше ставен под притисок поради истрага на обвинителството на САД, која го обвини за перење пари и водење на криминална група за трговија со дрога.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО