Боксерот Александар Ристовски е вистинско откритие во македонскиот бокс кој годинава демонстрираше врвна форма на рингот во Македонија и во соседството. Боксер кој ветува.
Боксерски клуб Шкендија но лимит од Тетово се гордее што во своите редови го Александар Ристовски кој има 17 години и потекнува од нивната школа. Од клубот велат дека тој не е боксер кој ги избира своите противници, бидејќи тој е тука да и докаже на сите дека е најдобар и затоа ги прави тренерите да бидат горди на совојот ученик.
„Александар е со нас една година, во моментов е најдобриот боксер во Македонија. Има осум победи. Произлегува од Тетово и затоа како клуб сме горди што го имаме со нас и во иднина ќе и докаже на сите дека е најдобар. Сепак, се гордеем со неговите победи, како онаа на Косово против многу искусен боксер. Потоа во Албанија победи врвен боксер, а во македонското првенство не знае за ништо друго освен за победи. Стана македонски шампион во категорија до 75 килограми“, вели тренерот Халим Абази.
Ipon.mk