Тешкашот на УФЦ Билјал Махов освои две бронзи на Светското првенство во борење

makhow hrvanje

Поранешниот трикратен светски шампион во борење и тешкаш на УФЦ, Билјал Махов, настапи на своето последно Светско првенство борење во Лас Вегас и освои два бронзени медали. По ова натпреварување, има намера во борење да учествува само уште на Олимписките игри следната година.

Ова е голем успех на Махов, бидејќи стана првиот човек кој по 42 години,освои медали на истиот настан во двата стила на борење, слободен и грчко-римски. Така тој ја исполни својата цел, за која дојде на овој шампионат, а не успеа минатата година. Всушност, минатата година тој го освои својот прв медал во грчко-римски (бронза), но остана без медал во слободен стил, каде што беше светски првак во 2007, 2008 и 2010 година, а олимпискиот вицешампион од Лондон.

Но, иако во почетокот на годинава потпиша договор со УФЦ, Махов би можел да биде човекот кој најдолго го чекал дебито во организацијата. Имено, УФЦ потпиша без професионално ММА искуство, врз основа на успехот во борењето, поради што се посвети на ММА тренинзи. Сепак, не е јасно дали ќе го оставри настапот пред есента во следната година, бидејќи го најави учеството на Олимписките игри во Рио, дури потоа целосна посветеност на ММА кариерата.

Махов се уште е релативно млад, тој има само 27години, но сигурно ќе биде занимчиво да се види што може во ММА кафезот и навивачите со нестрление чекаат. Последниот борец кој дебитираше во УФЦ без ниту една професионална борба беше Мет Митрон во 2009 година, а сега УФЦ на својата листа има двајца кои требада го остварат тоа. Махов и Фил „Cм Пунк“ Брукс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО