Тешкаш кој го нокаутира Ленокс Луис тврди дека Усик може истото да му го направи на Фјури

На почетокот на годината се чинеше дека Aлександaр Усик и Тајсон Фјури се подготвени да договорат борба за обединување на титулата во тешка категорија, но потоа преговорите одеднаш пропаднаа.

Борбата меѓу двајцата најголеми тешкаши во моментот ќе го даде апсолутниот шампион во тешка категорија, првпат од 1999 година кога Ленокс Луис го направи тоа.

Поранешниот шампион во тешка категорија Хасим Рахман е запаметен по неговата неверојатна победа во 2001 година кога го победи Луис со нокаут.

Рахман тврди дека Усик може да го стори истото против Фјури откако се договори борбата за апсолутен шампион, бидејќи смета дека Украинецот може да ги искористи силите на Фјури.

„Ако Фјури сака да го задржи своето наследство недопрено, тогаш треба да се бори со Усик. Но, мислам дека Усик може да го победи. Најголемата предност на Фјури е тоа што повеќето тешкаши се бавни и тој ги користи своите боксерски вештини против нив. Усик е на својот врв во тешка категорија и мислам дека може да го победи Тајсон“, рече Хасим Рахман и продолжи:

„Големината на Фјури би била предност за повеќето тешкаши. Имено, Фјури може да се потпре и да го грабне, но Усик не е тип на борец што ќе му го дозволи тоа. Тој знае како да ги искористи тежината и големината на противникот. Усик може без проблем да издржи 12 рунди, а Фјури ќе го лови и тука ќе се испука. А кога ќе се истроши, Усик веројатно ќе го нокаутира“.

Тајсон Фјури го има својот следен настап на 28 октомври во Саудиска Арабија кога ќе се бори со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО